Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Пратениците на Левица побараа стручно мислење од Венецијанска комисија околу вметнувањето на етничка припадност во личните карти

    СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ

    Ја известуваме јавноста, дека пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, испратија писмо до претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио, во кое се бара правно мислење околу проблематичното прашање за планираното впишување на податоци за „етничка припадност“ во личните карти на македонските граѓани.

    Причината за ова писмо, е тоа што, ова советодавно тело на Советот на Европа е составено од независни и угледни експерти по уставно право, па поради ова, Левица бара стручно мислење од овие експерти, за овој важен проблем.

    „Поконкретно, би Ве замолиле, до Вашите членови да ги проследите најновите измени на Законот за лична карта, кои се во легислативна процедура во македонското Собрание по скратена постапка (а кои Ви ги доставуваме во прилог), и да се произнесете за истите – особено од аспект на нивната усогласеност или неусогласеност со европската пракса и со легислативата на земјите-членки на Советот на Европа, како и во светло на компаративните искуства од други држави“, стои во барањето.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
    27 февруари, 2021

    Најнови објави