Осудени и амнестирани криминалци ги распродаваат националните интереси!

буќковски-захариева

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Амнестираниот Владо Бучковски, кој од позиција на министер за одбрана, докажано (и осудено) немаше дилема да тргува со воени делови во време на воена криза, деновиве ги надградува националните понижувања, кои секојдневно ги приредува неговата матична партија.  Овој докажан криминалец, кому тесна специјалност му е распродажбата на националните интереси, „успешно“ си ја завршува задачата за која е испратен во Софија, како специјален претставник на Македонија.

Имено, Бучковски најави дека во согласност со усвоената Методологија во спорот со Бугарија, од која јавноста е целосно исклучена, ќе се иницира промена на учебниците не само по Историја, туку и по Географија и Македонски јазик и литература. Овие промени не се мотивирани од желба за поквалитетни знаења, ниту од желба за унапредување на образованието – туку единствено од шовинистичките политики на бугарските власти!

Во име на некаков си непостоечки дух на европски вредности, бидејќи останатите европски држави ја чуваат историјата и националниот идентитет, тој најавува усогласени текстови и заедничко чествување (за македонскиот народ таквото чествување ќе биде ништо друго освен сквернавење!) на личностите и настаните од заедничката историја – концепт кој го промовира Бугарија и со кој се разорува националното ткиво врз кое е изградена Македонија, токму против територијалните претензии на соседните држави.

Од изјавата на Бучковски е јасно дека, Владата на чело со премиер амнестиран од затворска казна, веќе прифатила дека македонскиот народ и јазик постојат од 1944 година.

Со оглед на тоа што бугарската страна во повеќе наврати јасно и гласно објасни што подразбираат под „заедничка историја“, очекувано е дека трговците на власт го продале и Илинденското востание, како Народноослободителната војна, која почнала во 1941 година.

Уште поскандалозно е што овие најави доаѓаат откако министерката Мила Царовска, на средба со Артан Груби, најави измени на учебниците по Географија, без никаква транспарентност, консултација со експерти, или инволвираност на јавноста. Со ваквата распродажба, македонскиот народ ги губи сите права да се идентификува себе си како посебен народ, како и правото на државност, а Македонија се сведува на парче земја, територија без идентитет и интегритет.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ОБРАЗОВАНИЕ
1 март, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ