И во 2021 година жители на Влае се движат по калливи и земјени улици

левица карпош влае levica karpos vlae

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На изминатите избори, претставниците на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ветуваа решавање на проблемите на жителите на Влае. Сепак и денес сите сме сведоци на бројните проблеми со кои се соочуваат жителите.

Еден од нив е и неасфалтираната улица кај игралиштето кај улица Франце Прешерн. Во 2021 година оваа улица се’ уште не е асфалтирана, па жителите се принудени да се движат по каллива и раскопана земјена улица.

За овој дел во 2012 година е усвоен и ДУП со кој се предвидува и изградба на паркинг простор, но ниту сегашниот, ниту претходниот градоначалник на Карпош не го спроведе овој ДУП.

Дополнителен проблем е и ѓубрето околу игралиштето кое не се чисти.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ