Малите хидроцентрали треба да бидат јавна сопственост

александар панајотов

Прес конференција на координаторот на Зелен Сектор на Левица, Александар Панајотов

„Од „осамостојувањето“ на Македонија до денес, трите партии на власт – ДУИ/СДСМ/ДПМНЕ, наизменично и со здружени сили работат макотрпно да ја соголат од сите нејзини употребливи и непроценливи ресурси и природни богатства, на крајно бесрамен и подмолен начин, како да е целата држава нивна приватна сопственост. Најдобар пример за тоа се хидроцентралите на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кои добиваат огромни бенефиции од владата, притоа оставајќи го локалното население без вода за пиење, додека парите на народот одат во субвенционирање на истите повластени прозведувачи на енергија. Наместо ова, Левица се залага за изградба на хидроцентрали со акумулација, како енергетско ефикасни и еколошки одржливи проекти, без можност за приватизација, или јавно-приватно партнерство, како и формирање на јавно претпријатие за одржување на малите хидроцентрали, кои ќе станат државна сопственост по истекот на концесијата, како и национализирање на приватните мали хидроцентрали, кои се изградени и функционираат без почитување на законските регулативи. Со оваа мерка ќе се укине повластената тарифа, која ја плаќаат граѓаните кон приватните.“

 

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗЕЛЕН СЕКТОР
3 март, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ