Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Со сериозен криминал се доприватизира некогашен „Елегант Богданци“

Криминално приватизираната некогашна државна компанија Елегант во Богданци, подоцна преименувана во АД БРЕБОТЕКС, каде што 51 % од акциите се во сопственост на вработените а другите 49 % во сопственост на германски инвеститор, е при крајот на нејзино приватизирање и целосно превземање од страна на новопечените олигарси.

Токму поради ова, се случуваат и отпуштања на 70 работници, кои воедно и претходни акционери на АД БРЕБОТЕКС се изманипулирани од страна на новите раководни лица, кои ја водат сегашната текстилна фабрика со недостапни информации за сопствениците и назив на фирмата.

Ова нѐ наведува до го повикаме ЈО на Република Македонија и Управа за финансиска полиција, по допрен глас да ги преземе сите чекори за задоволување на правдата и расчистување со криминалот во горенаведениот правен субјект, се’ со цел, вработените, оние кои со години ја создаваа текстилната фабрика, си ги повратат работните места и бидат обештетени како за акционерските удели, така и за добиените откази од непознатиот сопственик, инаку локално познат, кој раководи со АД БРЕБОТЕКС или ЕКOБРБЕОТЕКС.

Локалниот огранок на Левица – Богданци има сознанија за сторен сериозен криминал и корупција, продолжуваме да истражуваме и да ве поддржиме со секаква правна помош, вие кои ги загубивте своите работни места.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БОГДАНЦИ

Најнови објави