Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Наместо реконструкција на покрив, изградба на повеќекатен станбен објект

Помеѓу улиците Љубен Весов и Кочо Рацин во близина на спомен куќата на Кочо Рацин во тек е изградба на станбен објект со повеќе ката.
На местото на овој објект претходно имало стара куќа и според таблата за известување требало само да се реконструира покривот на куќата.

Според информациите од жителите од овој дел на градот, овде најверојатно ќе се изгради станбен објект на 4 спрата плус поткровје.Истите се прашуваат како и кој можел да дозволи градба со ваков габарит на тој простор.

Поради опасност од лизгање на земјиштето жителите од околните куќи се плашат дека може да дојде до несакани ситуации и да се загрози нивната безбедност.

Бараме од Општина Велес и градежниот инспекторат да извршат увид на лице место и доколку се откријат било какви нерегуларности да се воведе времена мерка забрана за градба и сите што се инволвирани во оваа градба да бидат соодветно санкционирани!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ВЕЛЕС

Најнови објави