Спроведување попис сред пандемија е кривично дело – Да спречиме пописен фалсификат!

закон за попис за време на пандемија левица

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Најостро ги осудуваме и негираме тврдењата на Директорот на Институтот за јавно здравје воедно и член на Комисијата за заразни болести Шабан Мемети, кој соопшти дека не е проблем влегувањето на попишувачите во домовите ако се почитуваат мерките.

Заради непридржување кон прописите и наредбите за време на епидемија позитивното право предвидува кривична одговорност – за сериозно кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по чл. 206, ст. 1 од КЗ: „Тој што, за време на епидемија на некоја опасна заразна болест, не постапи според прописите, или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање, или спречување – ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“!

Со пописот, граѓаните се ставаат во неблагодарна и неизвесна правна ситуација, преку кршење на прописите и наредбите на здравствените власти, кои се на сила, кривично да одговараат за своите постапки, ако не се грижат за заштита на сопственото здравје! Со тоа се крши чл. 39 ст. 2 од Уставот и на сите инволиврани во процесот на спроведување на пописот во домовите им се скратува правото и им се оневозможува извршување на својата граѓанска должност која ја имаат по сила на устав– да го чуваат и унапредуваат како сопственото, така и здравјето на другите!

Пописот е во директен судир со Законот за управување со кризи како специјален закон, кој се применува во услови на здравствена криза. Закон за управување со кризи во кој е предвидено дека „системот за управување со кризи се организира и остварува заради превенција, рано предупредување и справување со кризи кои претставуваат ризик за добрата, здравјето и животот на луѓето предизвикани од природни непогоди и епидемии, кои директно го загрозуваат уставниот поредок и безбедноста на РМ, или дел од неа, а за кои не постојат услови за прогласување на воена или вонредна состојба.

Во услови на прогласена кризна состојба заради опасност по здравјето на луѓето од големи размери, пописот предвидува масовно присуство на попишувачите на терен, директно во становите и куќите на граѓаните!? Со таквата активност непосредно се става во опасност не само ефикасноста на целокупниот систем за управување со кризи, воспоставен и веќе активиран со прогласената кризна состојба, туку и здравјето на луѓето! Следствено на тоа, свесно, злонамерно, сосем непотребно и со умисла се доведува во опасност здравјето и на попишувачот и на граѓанинот во чијшто дом во моментот се спроведува пописот.

Во оваа насока потсетуваме дека владата има донесено одлука за забрана за собирање во групи на повеќе од 4 лица на ОТВОРЕН ПРОСТОР, а добро паметиме дека пред нова година беа спремни да го ограничат и групирањето по домовите на граѓаните со цел да го заштитат здравјето на луѓето. Со тоа воедно се докажуваат неконзистентните ставови на власта, противречни сами на себе, а воедно се докажува и политичката, а не општествената цел на спроведувањето на пописот на население.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
05 март, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ