Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Во топ 10 пратеници со најмногу наплатени трошоци – Драгица Ѓавочанова за 5 месеци добила 3018 евра!

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Очигледно дека животот дојде само за функционерите на СДСМ. А со оглед на неработењето на Собранието во овој временски период, како успеа пратеничката да потроши 3000 литри гориво за десет појавувања во Собранието! Имено, пратеничката Драгица Ѓавочанова за 5 месеци си наплатила 185.607,00 денари, или 3018 евра за патни трошоци за патниот правец Богданци – Скопје.

Прашање е дали пратеничката патуваше со авионски или бродски превоз, ако не, бараме јавно да ни обзнани каде и како потроши 185.607,00 денари за одење на работа покрај својата пратеничка плата!

Левица како партија на народот предлага трошоците за превоз на пратениците да бидат сведени на минимум т.e. на цена на повратен автобуски билет.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БОГДАНЦИ
5 март, 2021

 

Најнови објави