Покана за прес: Пописот да се прекине и да се одложи за следната година

Прес конференција на пратеникот од Левица, Борислав Крмов

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Почитувани,

Ве известуваме дека, утре, 9 март 2021 година, со почеток во 11:30 часот, во Прес салата на македонското Собрание, пратеникот Борислав Крмов, ќе одржи прес конференција.

Прес конференцијата ќе се одржи по повод обзнанување на АНТИ – ПОПИС кампањата на Левица.

Имено, Левица смета дека, процедурата за Пописот треба да биде прекината и истата да се одложи за во Април 2022 година.

Македонија е единствена држава, која прави Попис во сред Пандемија. Сите држави кои планираа Попис, го одложија за следната година, па дури и Бугарија. За истата оваа процедура, треба да се изготви комплетно нов Закон со нова методологија, по стандардите на ЕУРОСТАТ и ООН, а којшто ќе биде донесен консензуално од сите парламентарни партии.

Ве покануваме да ја проследите оваа прес конференција, со цел јавноста да биде точно и навремено информирана.

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ