Да го заштитиме јавното здравје во услови на пандемија и да спречиме пописен фалсификат

не отворам врата левица попис бојкот
Владата повторно ја докажа на дело својата неконзистентност во ставовите. Имено, Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за движење на населението заради заштита на јавното здравје, а од друга страна сите органи на државната управа се ставаат во погон за спроведување на пописот на населението.
 
Во услови на прогласена кризна состојба, според денешната владина одлука, со која се ограничува движењето на луѓето е решение, а од друга страна спроведувањето на пописот на населението предвидува масовно присуство (движење) на попишувачите на терен директно во становите и куќите на граѓаните!?
 
Оваа владина одлука, ги докажува тврдењата наведени во иницијативата за оспорување на Законот за попис на населението, која правниот тим на Левица, ја поднесе до Уставниот суд. Во наведената иницијатива, забележуваме дека пописот е активност, која предвидува присуство на голем број попишувачи на терен, со што се става во опасност не само ефикасноста на целокупниот систем за управување со кризи, воспоставен и веќе активиран со прогласената кризна состојба, туку и здравјето на луѓето! Следствено на тоа, свесно, злонамерно, сосем непотребно и со умисла се доведува во опасност здравјето и на попишувачот и на граѓанинот во чијшто дом во моментот се спроведува пописот.
 
Овие активности кои произлегуваат од законот за попис се спротивни на членот 39 од Уставот на Република Македонија.
  
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
09 март, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ