Катедрите за македонистика се обезименуваат – уште еден квислиншки договор на власта!

македонистика

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Последните денови сè погласно се зборува во врска со намерата катедрите за македонистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ да бидат преименувани со општо, безлично име. Ова се случува под превезот на програма за менување на структурата на факултетот, поднесена од актуелната деканка при нејзиниот избор.

Дали бришењето на имињата на Катедрата за македонски јазик и Катедрата за македонска книжевност е дел од уште некој квислиншки договор? Можеби и овој чекор се должи на неверојатната претприемчивост на власта кога е во прашање поткопувањето на националниот идентитет и интереси!?

Алармира перфидното лицемерие, толку карактеристично за нивниот начин на практикување на власта: паралелно со активностите за обезименување на катедрите за македонистика биле преземени чекори за реставрација на спомен-собата на Мисирков во рамки на Институтот за македонски јазик (засега го носи ова име, додека не им стигне допис од Влада за преименување).

Она што никој од властодршците не смее да го изгуби од предвид е фактот дека Мисирков не е спомен, туку жива вистина преточена во стандардниот македонски јазик. Ако на актуелната власт ѝ е толку драг споменот за него, нека не ни помислува да ги обезличува катедрите за македонистика. Токму Мисирков се спротиставувал и се борел против странската пропаганда, која се обидувала да го асимилира македонскиот народ, заради остварување на сопствените експанзионистички интереси.

Фактот дека сме Македонци и говориме на македонски јазик нема да го промени никаков договор или документ, а дејствувањето на квислиншката власт само повторно нè фрла во огнот од кој бројни пати имаме полетано како Феникс!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ОБРАЗОВАНИЕ

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ