Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Итно одложување на пописот – да го заштитиме јавното здравје

 

Директорот на заводот за статитстика Апостол Симовски, индиректно, со цел да ги затскрие сите досегашни негови неосновани и незаконски уцени и закани кои ги упатуваше до граѓаните, кои ќе се одлучат да не дадат поддршка на политички фингираниот пописен процес и со тоа ќе го заштитат сопственото и здравјето на другите како уставна пропишана должност,  деновиве побара од комисијата за заразни болести да одлучи дали пописот го загрозува јавното здравје и дали треба истиот да биде одложен. Дополнитечно е очигледно разочарувањето на директорот Симовски од досегашниот премал број на попишани лица во странство.

Ако комисијата до сега даваше зелено светло за воведување забрана за движење неколку пати во ситуација кога бројките на заболени беа далеку помали од денешните, тогаш нема зошто и сега заради истата причина „зачувување на јавното здравје“, како уставна предвидена категорија во членот 39, да побара одложување на пописот.

Пописот апсолутно го загрозува јавното здравје, предвидувајќи масовно присуство на попишувачите на терен директно во становите и куќите на граѓаните! Со таквата активност се става во опасност, не само ефикасноста на целокупниот систем за управување со кризи, воспоставен и веќе активиран со прогласената кризна состојба, туку и здравјето на луѓето! Следствено на тоа, свесно, злонамерно, сосем непотребно и со умисла се доведува во опасност здравјето и на попишувачот и на граѓанинот во чијшто дом во моментот се спроведува пописот.

Компаративно и споредбено-правно гледано, повеќе земји во меѓународната заедница, т.е. од нашето соседство, регионот и светот, веќе прогласија планско и привремено одложување на спроведувањето на пописите во своите земји, од половина година до година дена – како на пример: Србија, Бугарија, Романија, Германија, Ирска, Шкотска и други. Како главна причина за ова, националните власти ја наведуваат токму практичната невозможност и преголемата опасност од спроведување на една ваква сложена статистичка операција во неповолни, непредвидливи и неконтролирани услови на пандемија.

Поради погоре наведеното, бараме Комисијата за заразни болести да постапи согласно уставните и законските начела и одредби, истата да се одважи и да предложи одложување на пописот на најмалку една година. Со тоа, ќе го заштити јавното здравје на граѓаните од ваквиот насилнички обид за спроведување попис по секоја цена.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ПРАВЕН СЕКТОР

Најнови објави