Биохемиската лабораторија во штипската болница наместо кадар со соодветно образование, прима партиски војници со средно

болница-штип

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Здравствен сектор Левица реши да го сподели сведоштвото на наш сограѓанин кој и покрај своите напори и доприноси во борбата против ковид е деградиран на работното место во биохемиската лабораторија во Клиничка болница – Штип и има отворено судски процес кој несомнено ќе заврши со пресуда протв нејзина корист. Настрана судскиот спор , накратко станува збор за превработување на неквалификувани партиски војници без соодветно образование кои работат на место или без менторство на лице со соодветно стручно образование, кое поседува печат. Право на печат со шифра од Фондот за здравствено осигурување за работа во биохемиска лабораторија законски имаат само дипломирани биохемичари (инженер по биологија и хемија), доктор на медицина со специјализација по медицинска биохемија, магистер по миологија и доктор на науки од соодветната област. Во случајов деградираниот здравствен работник е магистер по биологија насока биохемија и физиологија и е единствена, која поседува печат со шифра од Фондот за здравствено осигурување за работа во лабораторијата во Штип и само таа со него одговара за валидноста на издадените резултати.

Но, повеќето резултати кои се изработени од лаборанти со средна и виша школа, а не смеат да бидат изработени од нив зошто немаат ни образование, ни лиценца,ни печат се издаваат на пациентите кои плаќаат партиципација – без печат. Самиот тој резултат од тумор макери, хормони, антитела и слично потрошени скапи реагенси на товар на државата не вреди ништо и завршува во канта кога пациентот е препратен во терциерна здравствена установа  во Скопје. Со што повторно од почеток се спроведуваат сите анализи,дупло се трошат реагенси, ресурси и работна рака, а пациентите од друга страна губат драгоцено време и пари.

Партизацијата на здравствените институции не значи само дополнителен финансиски трошок, загубата е многу поголема. Сведоци сме на постојани промени во систематизацијата на одделните структури внатре во самите клиники и здравствени домови прекроени за да се поклопат со образовниот профил на партиските списоци издиктирани од штабот. Па така место вработување на лица со виско академско образование на нивно место и над нив хиерархиски се поставени партиски лица со средно и виша школа. Ваквата кадровска политика во државните здравствени установи е главната причина поради која имаме одлив на млади и амбициозни мозоци во странство. Ниската плата, неможноста за напредок, хиерахиската поставеност се деградирачки на тоа ниво како командир на бригада да има пониска плата и да одговара пред полицаец. Она што е најтрогателно е делот каде сето тоа се одвива во некоја дозволена и измислена “законска рамка” која е одобрена од надлежните институции со пресуда.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ