Повторно рестрикција на водата за пиење во Тетово

левица тетово вода за пиење

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

По нецели 2 недели од “санирањето” на штетата на водоводната цевка кај Лешница, Тетово повторно остана без вода.
Од општината се правдаат дека штетата е направена од ерозија на земјиште при земјотресите во Маврово, но вистината е неспособноста на локалната самоуправа за справување со проблемите предизвикани од изградбата на малите хидроцентрали на Шара.

Иронијата е што штетата е дел од таканаречениот “нов водовод” !
Никој не се замара, буквално. Тетовчани нека пијат национал-шовинизам, вода не мора!

Природата им се одмаздува на тетовчани, земјиштето не може да ги издржи ископите и градежните изведби и станува ерозивно, а со тоа здравјето на тетовчани е во опасност од загадување на водата која се помалку и помалку ја има.

За да иронијата биде уште поголема, во услови кога стапката на заболени од ковид расте, како и на смртни случаи, а од друга страна немаме ни основни услови за хигиена, конкрено тетовчани се оставени без вода, власта по секоја цена сака да протурка илегален попис!

#НемамеВодаДаМиемеРаце
#НеОтворамВрата

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ТЕТОВО
17 март, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ