(Видео) Апасиев: Уставните судии треба само да го поништат илегално донесениот Закон за двојазичност

Димитар Апасиев Левица Уставен Суд

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Уставен суд отвори јавна расправа за илегално донесениот закон за двојазичност, кој Левица го оспори уште пред две години!
 
Денес, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, беше присутен на подготвителната јавна расправа, која Уставниот суд ја отвори по повеќе од две години од поднесената Иницијатива против т.н. Закон за двојазичност, кој беше донесен без указ на Претседателот на Републиката.
 
Апасиев: „Прашањето е многу едноставно – „Дали претседателот на Собранието, смее, или не смее да објави закон без потпис од Претседателот на Републиката“. Според вака утврдена легислатива, не може да се објави закон без потпис на Претседателот на Републиката. Во таков случај се иницира постапка за импичмент, што во случајов не е сторено и ова е прв преседан од Југославија до денес, да се објави закон со фуснота! Она што уставните судии треба да се одважат е само да го поништат законот. Впрочем, такви закони досега имаат поништувано уставни судии, во ситуација кога биле кредибилни уставните судии.
 
Левица од позиција на власт нема да го почитува овој закон, бидејќи не е закон, тоа е само објавено парче хартија. Исто така, ќе спроведеме, како што стои во нашата програма – кривичен прогон против оној што го објавил, тоа е директорот на Службен весник, за кривично дело саботажа.“
 
 
 
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
18 март, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ