Спроведувањето на пописот е спротивно на три специјални закони кои задолжително се применуваат во услови на здравствена криза

clenovi-zakoni

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Неконзистентната владина политика нема крај. Во Собранието на РМ, по предлог на владата, е доставена предлог-одлука за продолжување на кризната состојба до 30-ти септември, што значи дека на сила остануваат специјалните закони кои се применуваат во ваква состојба и тоа: Законот за управување со кризи, Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за заштита и спасување.

Ако веќе се бара продолжување на кризната состојба заради неможност да се справи извршната власт со пандемијата и заради потребата од користење на специјални механизми за заштита на јавното здравје, тогаш по аналогија, секоја активност која е спротивна на овие три специјални закони треба да биде прекината, или одложена најмалку до завршување на кризната состојба.

Таква активност, која е спротивна на овие три закони, а која извршната власт, со цел да го задржи мнозинството во Собранието на РМ упорно, силеџиски и правно недопустливо ја турка – е пописот на населението.

Во услови на прогласена кризна состојба, заради опасност по здравјето на луѓето од големи размери, се спроведува попис, кој пак предвидува масовно присуство на попишувачите на терен. Со пописот непосредно се става во опасност не само ефикасноста на целокупниот систем за управување со кризи, воспоставен и веќе активиран со прогласената кризна состојба согласно законот за управување со кризи, туку и здравјето на луѓето! Со спроведувањето на пописот директно и противправно се манипулира со одредбите од законот за управување со кризи, бидејќи пописот ја разгорува кризната состојба преку зголемувње на можноста за нови потенцијални кластери.

Законот за заштита на населението од заразни болести екплицитно пропишува дека секој има право на заштита од заразни болести и обврска да се заштити себеси и другите од заразување, како и дека спроведувањето на мерките за заштита од заразните болести имаат приоритет во однос на спроведувањето на другите мерки. Што би значело дека со спорведувањето на пописот по секоја цена од страна на парламентарното мнозинство, свесно и неблагодарно ги става граѓаните во ситуација за своите постапки кривично да одговараат.

И конечно пописот е  спротивен на основните начела на кои се заснова Законот за заштита и спасување како специјален закон со кој се предвидуваат мерки за спречување и ублажување на поседиците од пандемијата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ПРАВЕН СЕКТОР
18 март, 2021

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ