Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Попис со разум, консензус и народна волја

    Автор: Дарко Масларковски – член на Централен Комитет и модератор на ЛО Левица – Аеродром.


    Кога окупаторските квислиншки власти го протуркаа Законот за попис во скратена постапка, без можност за дебата, широка расправа и политички консензус, стана јасно дека не станува збор за статистичка операција. Тоа веднаш го запали црвеното светло кај народот и дел од политичките партии. Левица како народна партија и претставник на народот, веднаш се спреми за борба против одлуката на власта. 

    „Не отворам врата” е кампањата која започна да го демонтира овој процес на фалсификуван и неразумен попис. Во ек на пандемија, во која фамилиите не се гледаат често или воопшто, каде ризикот од зараза е можеби најголем, власта форсира да примиш во својот дом попишувачи кои претходно нема да бидат тестирани, како што најави веќе директорот Апостол Симовски.

    Можеби за некого е најважно тоа, но за повеќето луѓе е поважно политичкото мешање во статистичката операција. Што всушност сакаат предавниците на Македонија, македонскиот народ и другите заедници да постигнат со овој попис. Дали пописот е почеток на еден процес на разградување на Македонија и македонскиот народ како конститутивен елемент на државата –  со создавање предуслови за федерализација на земјата? Веќе има случај на поднесена претставка до Уставен суд поради спорната Методологија, во која се одзема правото на Македонците да се потпишат како народ и истите се сведуваат на етничка заедница!

    Врзаниот потпис, кој е преседан во европската регулатива, како и можноста трети лица да даваат лични податоци за други лица, дава силна аргументација дека целта на пописот е спроведување бинационализација заради задоволување на шовинистичките барања на албанските политички елити. Затоа не само Македонците, туку и помалите етнички заедници се ПРОТИВ ваков попис, па силно и недвосмислено, ГЛАСНО и ЈАСНО ја поддржуваат кампањата на Левица, чија цел е да се одложи пописот (преседан е веќе поставен во 2011 година со одложување на започнатиот попис) и да се спроведе нов попис со закон по европски стандарди.

    На социјалните мрежи со самиот почеток на кампањата „Не отворам врата”  има две јасни линии на противниците, кои имаат за цел одвраќање на свесното население. Едната е внесување на страв и закани за финансиско казнување на луѓето кои ќе го бојкотираат пописот, другата е националистичката плашка дека ќе биде прикажан помал број на македонско население.  И двете тези не се поткрепени со факти, затоа што Македонија и претходно се соочила со бојкот на попис, при што никој не беше казнет од лицата кои бојкотираа – туку истиот беше прекинат десет дена после неговото започнување,  со поднесување колективна неотповиклива оставка на пописната комисија.

    Зошто Левица го презема овој чекор? Одговорот е едноставен. Заради тоа што водиме политика на Разум, со срце, секогаш во склад со желбата на мнозинството кое е на иста линија, дека не сака да биде дел од фингиран, наместен, политички попис.

    Најнови објави