Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Биографиите на новоназначените амбасадори се недостапни за јавноста

    Минатата недела Претседателот на Републиката имаше средба со новоназначените амбасадори. Дипломатски претставници од страна на оваа власт беа назначувани и во неколку наврати претходно, но, нивните биографии не се достапни за јавноста и покрај обврската на МНР. Се поставува прашањето ЗОШТО?
    Според информациите кои можат да се најдат на електронските медиуми, дел од овие амбасадори биле апологети на власта кои агитирале и пропагирале за промена на уставното име на Република Македонија. Најголем дел од нив се приврзаници на владејачката партија, додека некои од нив претходно биле блиски и до други политички партии а, има и такви кои вложиле големи средства во финансирањето на својата матична партија. Згора на сето ова, голем дел од амбасадорите немаат политичко, ниту дипломатско образование.

    Согласно ваквиот сплет на околности, останува нејасно кои се критериумите за назначување на дипломатски претставници, додека необјавувањето на биографиите од страна на МНР буди дополнителни сомнежи за компетентноста и стручноста на новите дипломати.


    Сектор за надворешна политика и безбедност

    Најнови објави