Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Градоначалникот Георгиески тврди дека состојбата е загрижувачка, а Владата ќе прави попис!

Во услови кога короната , за жал зема се’ поголем замав , како во Охрид , така и во цела Македонија, Владата никако не се откажува од својата луда идеја за спроведување попис на населението, додека градоначалникот Константин Георгиески ги обвинува граѓаните дека се неодговорни.
На 17-ти март, градоначалникот Георгиески ја опиша ситуацијата во Охрид како загрижувачка, при што потенцира дека 500 луѓе се активни на вирусот, има 90 хоспитализирани пациенти, околу 50 се на кислородна поддршка и тоа најголем процент млади. Тој исто така посочи дека граѓаните не ги почитуваат мерките, во обид да ја амнестира одговорноста на власта за кататсрофалното справување со пандемијата, поради што Економист ја стави Македонија како трета држава по прекумерна смртност на 100.000 жители.

Безобразни и потценувачки се ваквите изјави на таткото на градот, кој единствено одговорност треба да побара од Владата на СДСМ и Министерот за здравство Венко Филипче, за кои очигледно е дека е поважно да добијат провизија и од набавката на вакцини.
Во интерес на здравјето на граѓаните, градоначалникот Георгиески треба да ја следи својата докторска етика, а не партиската послушност. Како доктор, да се спротистави на Владата и нејзината погубна идеја за спроведување на попис на населението на сред трет бран на пандемијата. Добро би било кога како доктор би кажале на каква опасност Власта спроведувајќи го пописот ќе ги изложи и граѓаните, но и попишувачите.
Функцијата Градоначалник не е за остварување на лични интереси и амбиции, туку носи законски обврски и одговорности, со приоритетна грижа за јавното добро и благосостојбата на граѓаните.

Лицемерно е општината да ги затвора вратите за Охриѓани, со цел да се заштитат себеси, додека со закани за казни го приморуваат населението да го изложи своето здравје на ризик.

#НеОтворамВрата

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ОХРИД
23 март, 2021

Најнови објави