Вратени на работа отпуштените од „Бербо Екотекс” откако Левица Богданци прва излезе со официјално барање до надлежните институции

левида богданци БРЕБО ЕКОТЕКС

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Вратени на работа отпуштените од „Бербо Екотекс” откако Левица Богданци прва излезе со официјално барање до надлежните институции да ги превземат сите дејствија за враќање на работниците и разоткривање на незаконското работење и криминал!

Се надеваме дека во иднина нема да има потреба секогаш да бидеме алармот кој ќе ги разбуди државните органи и синдикатите да реагираат. Имено ССМ реагираше во рок неполн од 24 часа откако Левица – Богданци излезе со РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТА и со Барање до надлежните институции да се преиспита работењето на горенаведеното претпријатие и прекршувањето на законските норми и отпуштање на 70 вработени.

Исто така сакаме да реагираме и до градоначалникот Шапов, наредниот пат да не излегува само на дебата кога е нужно и кога нема друг пат освен да се појави, туку рамо до рамо да застане со работниците уште од првиот ден кога се прекршени нивните права.

Градоначалникот Шапов и ССМ имаа време од 28.02.21 до 03.03.21 да реагираат но тоа не го сторија и чекаа моментот да спласне ситуацијата, а работниците да се помират со добиените откази.

Ние ќе останеме будни и ќе ги следиме сите ваши постапки се до расветлување на сите незаконски дејствија кои се сторени.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БОГДАНЦИ

23 март, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ