(Видео) Апасиев до Заев: Дали имате нијет да го прекинете пописот и да донесете регулирани цени во приватното здравство?

Димитар Апасиев Левица Парламент Собрание Зоран Заев
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, упати две прашања до премиерот Заев. Првото прашање гласи:
 
„Не ли сметате, како човек, дека попис во време на пандемија е нарушување на јавното здравје, односно, дали размислувате да го одложиме пописот како држава, за период од една година, како што тоа го сторија други земји?“
 
Имено, веќе десетина земји го одложија пописот, тоа се Германија, Шкотска, Ирска, Романија, целото наше соседство, Хрватска, Бугарија, Косово, Србија, коишто патем имаат подобра епидемиолошка слика од нашата, бидејќи сме во последните пет земји по вакцинација, а во првите пет во смртност.
 
Второто прашање е поврзано со здравствената криза:
 
„Имено се однесува на еден неубав неолибералистички тренд, а тоа е – здравјето да се претвори во бизнис. Јас знам дека вие сте бизнисмен и логицирате од аспект на профит. Меѓутоа, мислам дека ние како социјална држава не смееме да ги делиме граѓаните од аспект на нивната куповна моќ. Имено, според сегашниот воспоставен систем, сиромашните во нашата држава едноставно се оставени буквално да умрат, додека богатите им плаќаат на приватните болници износи, кои се неверојатни за нашиот стандард. Имено, во приватните болници, без оглед на вашата клиничка слика, надвор од сите хумани начела, не ве примаат, имаме ситуации буквално на луѓе кои земаат воздух во колите на паркингот, додека нивните роднини не приложат 15 илјади евра, за да бидат примени во приватните болници!
 
2.300 евра по ден е лекувањето за плата 300-400 евра, тоа е невозможно луѓето да си го дозволат. И има еден вид на класна дискриминација, затоа што на обичните луѓе, тие здравствени услуги им се недостапни.
 
Е сега би логицирал од аспект на тоа што вие помпезно го најавивте, т.е. Министерот Филипче, меѓутоа не се реализира, проектот за Мала Богородица, која требаше да биде во некој облик на некое јавно – приватно партнерство. Според информациите, вие тогаш договоривте сума по 100 евра на ден, односно Владата да плаќа сума по 100 евра на ден. Според законите кои ги наведов, дали тоа значи дека, во тој случај Владата партиципира со 1/3 од цената. Дали тоа значи дека, реалниот трошок на приватните болници е 300 евра по ден, а тие наплаќаат 2.300 евра по ден?
 
И дали, ако тоа го прават, вие како Влада, не чувствувате потреба да воведете систем на регулирани максимални цени?
 
Прашањето е: Дали имате нијет да донесете една ваква одлука во корист на граѓаните?
 
#НеОтворамВрата

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ