Лидерската средба Заев-Мицкоски ќе биде од корист за Републиката само ако се договори Македонска национална платформа

20180523195352

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Политичката партија Левица, по повод денешната закажана средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, го потенцира ставот дека ваквата средба на лидерите на двете најголеми политички партии во Македонија би имала смисла единствено ако тие конечно се договорат за носење на долгоочекуваната Македонска народна платформа, како пандан на Тиранската – околу која, во иднина, би се обединил целиот конститутивен македонски народ.

Ја истакнуваме суштинската потреба од носење на ваква стратегиска Македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ, од страна на лидерите на политичките партии во Македонија, а во која ќе се дефинираат нашите државни црвени линии – на внатрешен и на надворешен план – а кои ќе пружаат заштита и сигурност на македонските граѓани од великоалбанските и великобугарските национал-шовинистички претензии, кои денес се повампирени поради сервилноста на Владата на Заев.

Предлагаме оваа Македонска платформа задолжително да ги содржи овие пет точки, кои би се сметале за трајно затворени прашања и прашања кои, во иднина, би биле непреговорливи во процесот на ЕУ интеграции, како и во процесот на создавање на сите идни политички коалициони влади во Македонија, без оглед на тоа кој ќе ги предводи:

  • Се гарантира унитарноста на Република Македонија и се осуетуваат сите обиди за нејзина идна кантонизација или федерализација;
  • Се потврдува секуларноста на државата и немешањето на верските организации и лидери во политичките прашања;
  • Се гарантира неповредливоста на територијален интегритет на Република Македонија и ќе се осуети секој обид за иредентизам или сецесија на било кое малцинство;
  • Се гарантира должната почит кон државните симболи и инсигнии (грб, знаме и химна); и
  • Се става мораториум за преговарање за македонските идентитетски прашања со било кој и било каде (име, јазик, култура, историја, национален идентитет и сл.).

 

С к о п ј е
29.III.2021
 

Президиум на Левица

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ