Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Итно да се санкционира Мазлам Османи и да се отстрани еднојазичната табла во Кичево

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Директорот на НУЦК „Кочо Рацин“ од Кичево, Мазлам Османи,  демонстрира  врвно непочитување кон државата и институцијата со која раководи. Покрај тоа што на официјалните плакати и други материјали веќе некое време избегнува да го напише името на установата, па место НУЦК „Кочо Рацин“ на истите стои само Центар за култура-Кичево, сега искажувањето на своето непочитување го има подигнато на повисоко ниво.

Деновиве  во библиотеката е поставена ЕДНОЈАЗИЧНА табла “Republika e Shqipërisë”, во функција на патоказ до место на кое се поставени два компјутери преку кои граѓаните можат да добијат информации од Државниот архив на Албанија, а со димензии и дизајн небаре таму е сместен државниот архив на соседната држава!

Станува збор за груба провокација преку уште погрубо кршење на законите. Двојните аршини, неспособноста на власта да организира владеење на правото на својата територија резултираат државни чиновници да се закануваат со казни какви што не се предвидени со ниту еден позитивен закон во државата.

Непочитувањето на Законот за употреба на грбот, знамето и химната од страна на функционерите на ДУИ е пракса која со години се толерира, додека парадоксално претседателот Пендаровски инстантно реагира кога е во прашање непочитување на симболи на други држави. Левица бара итно санкционирање на директорот Османи и отстранување на еднојазичната табла. 

 

Најнови објави