Тетово повторно без вода – од Општината ни трага ни глас!

јкп-тетово

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ
По трет пат во неполни два месеци Тетово повторно е оставено без вода за пиење и други основни потреби на жителите.
Тетово веќе неколку дена е без вода, а од општината ни трага ни глас, како на официјалната веб страна, така и преку медиумите, општината се’ уште се нема изјаснето, која е причината за повторно да ги остави граѓаните без вода.
Информација дека има некој дефект стои само на официјалната фејсбук страна на ЈКП Тетово, и тоа од вчера 31 март, а вода во Тетово нема веќе три дена!
Првиот пат општината ја префрли одговорноста на одрон на земја, со што беше оштетена цевка во реонот Лешница на Шара, вториот пат општината одговорноста ја префрли на одрон на земјиште предизвикано од земјотрес, кој се случи два дена пред одронот.
За причината,зошто деновиве повторно нема вода и кој е дефектот, нема никаква информација од општината и градоначалничката, Теута Арифи.
Волку чести дефекти со водоснабдувањето се недозволиви во 21. век. Дали можеби причината се крие во неспособноста и неквалитетниот кадар, кој со години наназад се вработува во државните претпријатија и администрацијата, само затоа што има партиска книшка од ДУИ!?
Секако стои и фактот дека оваа елита на власт, освен свои интереси друго ништо не ги интересира. Имено, конкретно проблемот со водоснабдувањето и целата штета со одрони на земјиште, најчесто доаѓа поради градежните активности и ископи, со цел градење на мали приватни хидроцентрали на Шара, па и други објекти, за кои Теута Арифи години наназад дава амин!

Левица во својата програма предвидува:

1. Одземање и забрана за издавање на концесии за приватни мали хидроелектрани;
2. Формирање на јавно претпријатие за одржување на малите хидроцентрали кои ќе станат државна сопственост по истекот на концесијата;
3. Изградба на хидроцентрали со акумулација, како енергетско ефикасни и еколошки одржливи проекти, без можност за приватизација или јавно-приватно партнерство;
4. Национализирање на приватните мали хидроцентрали кои се изградени и функционираат без почитување на законските регулативи (со оваа мерка ќе се укине повластената тарифа која ја плаќаат граѓаните кон приватните газди).
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ТЕТОВО
1 април

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ