Градежната мафија во соработка со Марин продолжува да профитира во Аеродром

Левица Аеродром Златко Марин Урбана Мафија

Сведоци на комплетната трансформација на Аеродром изминатите години се сите аеродромци. Градежната мафија во соработка со општинските власти гради облакодери и кули, без притоа да обезбеди зелени површини, паркинг место, или барем да им се наложи на инвеститорите да ја санираат, обноват, зголемат канализационата мрежа.

Пред неколку месеци испливаа фекалии близу поликлиниката Јане Сандански. Аеродромци негодуваат, се борат за својот дом, негодуваат за висината на зградите, за узурпација на зелените површини… Но, веќе многу години се предадени и “продадени” на градежната мафија. Жалосно е тоа што сегашниот градоначалник и неговата свита, собираа политички поени пред изградбата на зградиштето пред Мајчин дом, за потоа да кажат дека се немоќни да ја стопираат градбата. Еве и нови вавилонски кули никнуваат, а бог знае уште колку земјиште и одобренија чекаат на ред.

Да биде работата уште полоша, деновиве се препукуваат по социјалните мрежи за тоа – која опција повеќе ја „оштетила” нашата урбана општина. Време е да се каже СТОП, на урбаниот хаос, на градежната мафија, која водена од капиталистичкиот идеал ПРОФИТ, креира нездрава животна средина.

Левица е единствениот чинител кој ќе стави КРАЈ на ваквиот начин на водење на општината и уништување на зелените површини во општината. Нашите идеи и идеали не вклучуваат профит пред здравје, или профит пред достоинствен и квалитетен живот на народот. Со влегување на Левица во советот на Општина Аеродром веќе ја пресекуваме долгогодишната практика и начин на водење на општината, каде што без разлика на политичката партија на власт – СДСМ или ДПМНЕ постојано се врши распродавање на јавни добра за лично богатење и профитирање на штета на граѓаните.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО АЕРОДРОМ
05 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ