Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

(Видео) Исмаил: Државата е отуѓена!

„Ние полека-полека ги отуѓуваме сите работи што ги има оваа земја. Ја отуѓуваме националната култура, ги отуѓуваме нашите симболи, отуѓуваме она што е државност, полека сега ја отуѓуваме и земјата. Ние ги отуѓивме и нашите работници.

Лесно е да си капиталистичка земја во центарот на капитализмот. Ние сме на неговата периферија. И сега плус ние како држава на балканот сме и во специфична ситуација, кадешто имаме упади од соседни држави. Тука не се разрешени во целост меѓудржавните односи и вие кога имате држава, којашто е приватизирана, значи нема моќ во себе и тешко е да се менаџираат сите работи внатре, за да може да ја задржи стабилноста. Затоа ние имаме многу нестабилна држава во суштина. Така што, влезот во НАТО нема да ја реши стабилноста, тоа е сигурно, исто како што видовме во последнава година.“

 

Најнови објави