Богоев ја продолжува бетонизацијата на Карпош – во петок се гласа нов ДУП, додадени се уште три за годинава

1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Локалните избори се ближат, а Богоев и СДСМ во паника поради губењето на Општина Карпош продолжуваат со деструктивноста и спроведувањето штетни локални политики. Бетонизацијата на Општина Карпош продолжува на седницата на Советот во петок на чиј дневен ред се наоѓаат неколку точки.

Најпрво на оваа седница ќе се гласа Деталниот урбанистички план за градска четврт ССИ 03, Блок 02. На просторот помеѓу „Јадранска магистрала“ и булеварот „Словенија“ наместо зеленило како надоместок за досега уништеното, ќе се градат комерцијални и станбени објекти. По усвојување на овој ДУП, Стефан Богоев ќе ја спроведе и продажбата на државното земјиште кое се наоѓа во рамките на овој ДУП.

На оваа седница ќе се гласа и за изменување и дополнување на програмата за урабнистичко планирање за 2021. Дополнувањето се однесува на три Детални урбанистички планови и тоа за четврт Ј 04 (Козле), четврт Ј 02 (Жданец, Трнодол, Нерези) и четврт 15 блок 01 (Криви Дол). Тоа се 3 дополнителни ДУП-ови кои ќе се донесат предизборно, а судејќи по досегашната пракса, на подножјето на Водно ќе “никнат” нови градби.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ