Советот одржа седница без општината да ја најави во јавност

Општина Карпош

Вчера советот на Општина Карпош ја одржа 55-та седница без истата да биде најавена во јавност. Додека претходните седници беа најавувани само неколку минути пред нивното одржување, овојпат општината не ја најави ниту на официјалната интернет страница ниту на Фејсбук страната.

Според законот за локална самоуправа, денот, часот и местото на одржување на седниците на советот се објавуваат најдоцна седум дена пред денот на одржување на седницата. Оттука она што го практикува општинската администрација години наназад е единствено со цел да се оттргне јавноста од штетните одлуки кои се носат од мнозинството советници.

Инаку на вчерашната седница, меѓудругото, беше усвоен ДУП-от за ССИ 03, Блок 02 (Помеѓу Јадранска Магистрала и Бул. Словенија) како и предлог-одлуката за давање под закуп на Адреналинскиот парк. И по двете точки, советникот на Левица во Општина Карпош, Бранко Ристов гласаше против.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
10 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ