Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Битола лидер по бројот на заболени

    Битола останува сама на тронот со значително зголемен број на заболени од Ковид 19 во однос од другите градови. Покрај убедувањата од страна на министерот за здравство дека ситуацијата е под контрола, доцните рестриктивни мерки и неспособноста на оваа влада со справувањето со вирусот, допринес за големиот број на заразени имаат и некои компании кои работат под полна пареа.
    Без протокол во приватниот автобуски превоз се превезуваат работници, задолжени да се појават на своите работни места, незаштитени и без соодветна опрема. Здравјето и благосостојбата на работникот се изложени на висок ризик, со тоа што и хронично болните мораат да се појават на своите работни места.
    Јавно прашуваме, зошто од надлежните не е пратена инспекција на терен за да ги заштити работниците и да го редуцира приватниот автобуски превоз? Работниците во фирмите се оставени сами на себе, преплашени, уценувани за сoпственото здравје. Стапката на невработеност е во постојан пораст, а поголемиот дел од работниците се со претрпени рестрикции на нивните придонеси, работат за минимална плата додека фирмите функционираат во полн ек.
    За сопствениците постои приватен здравствен систем од потта на работникот, додека за обичниот граѓанин нема ниту болнички кревет.
    Како дополнителен проблем, граѓаните на Битола се соочуваат со НЕНАВРЕМЕНО ТЕСТИРАЊЕ. Со симптоми чекаат по една недела за да бидат тестирани, максимум еден член од семејството, за другите членови тестови нема. Децата не ги тестираат, па родителите се принудени да прават тестови во приватно здравство каде што цените се високи. Во таа седмица, со консултација од матичен примаат одредена терапија која што нема основа дали е соодветна без резулати од тестот.
    Повеќе фактори покажуваат кон неспособноста на оваа влада за справување со пандемијата, а тоа е резултат Битола да биди лидер по заболени случаеви.
    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
    12 април, 2021

    Најнови објави