Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

(Видео) Апасиев: предлогот на Владата не го решава проблемот на сиромашните – Левица предлага комбиниран модел

Пратениците на Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денес до Собранието на Р. Македонија, поднесоа Предлог-закон за утврдување на максимални цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи.
 
По тој повод, пратеникот Апасиев, одржа прес – конференција, кадешто го образложи овој Предлог-закон.
 
„Предвидуваме минимум квота од педесет болнички кревети за хоспитализација на пациенти кои имаат реална потреба од болничка грижа во приватните здравствени установи, односно во приватните болници. Овие педесет кревети би биле на терет на Фондот за здравствено осигурување и се изедначуваат референтните цени со оние на фондот кои се веќе утврдени. Самиот закон предвидува максимални цени според тарифа и тоа поделени се на девет спецификации.
 
Имено, четири се за полесни случаи и се движат во зависност од тоа дали е од пет, или до петнаесет дена. Цените се движат од 670 евра па се до 3,440 евра во денарска противвредност, изразени во денари, додека за потешките случаи (тоа се оние пациенти кои се ставаат на респиратор, односно на механичка вентилација) во зависност од деновите, цените се движат од 1,200 до околу 5,000 евра и плус една ставка има за хемофилтрација на крвта, која ја утврдуваме на 1,000 евра.
Значи, ова се државно пропишани тарифи, кои што приватните болници нема да смеат да ги менуваат. Тоа е едниот модел за тие педесет кревети додека над тие педесет кревети приватните болници би имале можност приватно да наплаќаат со тоа што цените би биле сосема исти како овие кои би ги покривал фондот.
 
Има спецификација дека не смеат да примаат капар, депозит и аванс и едно прецизирање дека доколку лекувањето заврши со смртен исход, наплатената сума пари за приватно лекување да се врати на најблиското семејство на починатиот.“
 
#ЛевицаОдПарламент

 

Најнови објави