Башиноселскиот мост и покрај лошата состојба не е во приоритетите на министерот Бочварски

Башиноселски мост велес бочварски

Мостот на Вардар е дотраен и е во сериозна лоша состојба. Покрај укажувањата на експертите дека овој мост не е безбеден за користење и итно е потребна негова реконструкција или изградба на нов мост, Велешани и оваа година ќе мора да го користат и покрај тоа што не е безбден.

Градоначалникот на Општина Велес , Аце Коцевски во неколку наврати се изјаснуваше дека проектната документација е готова, но единствена пречка се финансиите.

Но, сосема спротивно, на денешната посета на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кажа дека “рехабилитацијата или изградба на нов мост кај Башино Село како проект што ќе го финансира државата нема да се реализира годинава. Се уште не е комплетирана техничката документација за да можат да се реализираат постапките како што се издавање на одобрение за градба или за реконструкција како и тендерите за изведба”.

– Кој од овие двајца високи функционери ја кажува вистината!?
– До кога приоритетите кои значат и безбедност на граѓаните ќе бидат второстепени и секогаш одложувани од страна на властите!?
– Дали треба да се плати данок со нечиј живот за сериозно да се сфати ситуацијата!?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ВЕЛЕС
14 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ