Потребна е одговорност, Левица ќе поднесе предлог – Закон за потекло на имот

Драги Рашковски Рашкоски оставка

Денешната оставка на поранешниот ген-сек на Владата, Драги Рашковски е само уште едно замајување во низата скандали на власта. Потсетуваме дека и за случајот со поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, кој поднесе оставка откако се појави видео-снимка како прима поткуп, сѐ уште нема никаква одговорност.

Деновиве беше објавено дека вториот човек на премиерот Заев – Рашковски, кој не заборави да го пријави својот втор незавршен докторат, вози луксузно возило кое не фигурира во неговиот анкетен лист. Дополнително, според новиот анкетен лист, Рашковски купил и земјиште од 11.000 илјади квадратни метри во вредност од 100.000 евра. Овој имот го стекнал после изборите минатата година и веќе е поднесено барање за дозвола за градење на име на неговите деца?!

Потсетуваме дека Рашковски го следи голем скандал за набавка на сообраќаен софтвер од анонимна фирма, кој МВР сѐ уште не го користи. Тој е само еден во низата функционери кои акумулираа енормно богатство за време на оваа власт, преку расипничко и корумпирано трошење на парите на граѓаните.

Поради тоа што институциите континуирано потфрлаат да ја контролираат имотната состојба на функционерите, правниот тим на Левица наредниов период ќе поднесе предлог – Закон за потекло на имот, изработен согласно најдобрите практики и искуства од соседството.

Транспарентноста на секоја Влада мора да почне најпрво од имотот на своите функционери!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
14 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ