Битола од град на конзули се претвори во град на депонија

левица битола депонија

Мртви животни, градежен или друг вид на отпад сѐ уште се фрла покрај патиштата, во речните корита, канали, делови од планината, ридовите. Честа е сликата на отпад во дивите депонии.

Локалната власт целосно ги запоставува околните предели, од каде што доаѓаат фекалиите во центарот на градот, а за тоа се резултат затнатите шахти кои исфрлаат секаков вид на отпад. Во оваа ситуација граѓаните се подложени на ризик од секакви заболувања.

Поради лошите политики на сите досегашни власти, Битола има дури 70 диви депонии. Наместо изградба на современи рециклицирачки центри под државна контрола, парите на граѓаните се трошат за непродуктивни тендери и партиски вработувања. Унапредувањето на животната средина и на природата е темелна вредност во Уставот на Р. Македонија.

Уште еднаш апелираме до општинската власт дека со нивната неажурност и немањето интерес за инвестиции во современи депонии, во одводните канали околу градот се прави голема штета, затоа што при надоаѓање на поголема количина на атмосферските води доаѓа до одлевање на водата и истиот тој отпад завршува надвор од каналите и доаѓа до уште поголемо загадување на почвата. Исто така, тој отпад може да заврши во речните корита, каде би дошло до труење на рибниот фонд во реките, и доаѓа до нарушување на флората и фауната.

Оваа грда слика не смее да е главно обележје и симбол на Градот на конзулите!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
15 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ