Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Златко Марин купува корпи за отпадоци од 300 евра!

Дали крајот на Златко Марин вака мириса? Со фрапантни неконтролирани трошења на буџетот, од Бина од 25.000 евра, изнајмување на новогодишни сијалички за 30.000 евра, до последниот тендер за набавка на 40 корпи за отпадоци од неверојатни 300 евра за една, или вкупно над 10.000 евра. Да не се разбереме погрешно, секако дека треба да има корпи за отпадоци низ општината, да се поработи на подобрување на хигиената, како и на свеста на населението за одржување на истата, но ова веќе ги поминува границите на разумно трошење.

Последниот во низата на скандали е набавката на корпи за отпадоци, по цена од фрапантни 16.000 денари, без ДДВ, од компанија која е чест добитник на тендери во општина Аеродром.

Истата компанија набавува аудио опрема и лед осветлување, гради паркови за миленичиња, изнајмува опрема за настани и хепенинзи (во време на пандемија), поставува клупи, корпи за отпадоци, заштитни столбчиња, реконструира детски игралишта, едноставно ги бива за се’.

За две години ЛАПЛАСТ – М Скопје од општина Аеродром, има добиено тендери во вредност поголема од половина милион евра. Прашуваме каков е интересот на СДС и Златко Марин токму оваа компанија да биде извршител на сите овие работи? Дали при формирањето на јавната набавка се “штелуваат” параметрите, за на крајот оваа компанија да биде избрана за “најповолна”?

Сите овие “матни” зделки само го потврдуваат мислењето на Аеродромци дека ветувањата на Марин за промени и чесно работење и водење на Општината биле предизборна лага и манипулација. Во многу сегменти тие дури и го надминаа, лошото и коруптивно работење на нивните претходници.

Промената е нужна и неизбежна, Аеродромци горат од желба конечно да добијат раководство кое ќе ги штити нивните интереси. Со влегување на Левица во советот на општината, народот ќе го добие долго посакуваниот чесен и човечен однос, а досегашните владеачи – кочница и стопирање на коруптивното и манипулативно владеење.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО АЕРОДРОМ
15 април, 2021

Најнови објави