Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Багери работат во зелениот појас на Водно – Богоев не презема ништо

Како се ближат локалните избори, така и бетонизацијата на Општина Карпош станува се поинтензивна. Со секој поминат ден, Стефан Богоев ги преточува неговите предизборни ветувања во лаги и манипулација на Карпошани.

Ако во 2017 година протестираше за стопирање на урбаната мафија, сега тој е покровител на градежната офанзива која се случува во секој дел од општината, додека истовремено, ја рекламира својата лажна заложба за зелен и еколошки Карпош.

Само неколку денови откако мнозинството во Советот го изгласаа предлогот за дополнување на Програмата за урабнистичко планирање за 2021 година, со која се предвидува годинава да биде донесен ДУП за четврт Ј 04, багери и друга механизација започнаа со уништување на зелени површини во т.н. Шпанско село, на горните делови на Козле.

Со ова се продолжува немилосрдното уништување на зеленилото на Водно. За годинава најавен е и нов урбанистички план за Жданец, Трнодол и горните делови на Нерези, а токму во Нерези, со амин на Општината, се спроведува најголемата градежна окупација во Карпош.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
17 април, 2021

Најнови објави