(Видео) Апасиев: Спикерот ги крши сите правила, донесувањето на двајцата заразени пратеници во Собранието е кривично дело

Апасиев Џавери Кривично дело кривичен законик

Спикерот на Собранието, Талат Џафери, денес по којзнае кој пат го прекрши Деловникот за работа на Собранието, не давајќи му процедурално обраќање на пратеникот Димитар Апасиев.

Пред почетокот на 32. Седница на Собранието, пратеникот Апасиев, уредно се пријави за процедурално обраќање, што подразбира обраќање пред почетокот на гласање по точките на Дневен ред. Џафери игнорирајќи го ја почна седницата и не дозволи Апасиев да си го оствари своето пратеничко право се’ до завршетокот на Седницата.

Во своето обраќање освен што укажа на кршењето на Деловникот за работа, Апасиев потенцира и дека донесувањето на двајцата заразени (од Ковид) пратеници во Собранието е кривично дело!

„До сега правевте театар од Собранието, денес направивте и кривично дело. Според одлуката на Владата за сузбивање на епидемијата од Ковид 19, во членот 11 се предвидува строга изолација, односно карантин за секој граѓанин кој е заболен од оваа болест. Денес имаме двајца пратеници, коишто се донесени спротивно на членот 11 од оваа одлука.

Да е иронијата поголема, ова претставува кривично дело за кое не им важи нивниот имунитет. И како што е познато дека Заев ги пушта низ вода оние коишто му се негови слуги и извршители, јас им порачувам на овие мои коилеги – да не сум ви во кожата кога ќе падне овој хибриден режим, бидејќи први ќе одите во затвор за кривични дела против здравјето на луѓето.“

#ЛевицаОдПарламент

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ