Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    (Интервју) Јованоски: Оптимистички сме расположени дека ќе влеземе во совет со достоинствена и некоруптивна екипа

    Иван Јованоски, модератор на Локалниот огранок на Левица во Прилеп

    На политичката сцена забележително е делувањето на Левица особено во Парламентот. Какво е дејствувањето и работењето на локалниот огранок во Прилеп. Од кога постоите, каква политичка инфраструктура имате изградено?

    Канцеларијата на ЛО Прилеп, е од 20 канцеларии низ Македонија. Се наоѓа во подвозникот на катната гаража кај старата автобуска станица. Отворена е на 18 јануари 2020 секој ден од 11 до 20 часот. Поради здравствената ситуација, канцеларијата е моментно затворена. Од почетокот, експоненцијално расте членството, симпатизерите и наши поддржувачи, затоа што првпат во историјата на Македонија се појавува една атипична политичка партија со искрен пристап кон народот.

    Недоамна во јавноста реагиравте за состојбата со ЈП ПУП. Кои се другите слабости, пропусти во работењето на оваа Локалната самоуправа?

    Ги има буквално секаде. Главен проблем е супресијата на работникот, кршењето на неговите основни права, незаконитостите во работата, неагилноста и корупцијата во јадрото скоро во секое јавно претпријатие. Секојдневно добиваме поплаки од револтирани граѓани кои само ги бараат нивните права. Како локален огранок на Левицата, едиствената класно ориентирана и работничка партија, нудиме и бесплатна правна помош и ги охрабруваме сите обесправени да се обратат кај нас.

    Што му треба на Прилеп? И доколку дојдете на власт што ќе промените, односно направите?

    Одговорот би бил премногу обемен и детален. Накратко, целосна реконструкција на овој 30 годишен системски механизам кој е плодна почва за криминал и неправда, кој води кон пропаст и ништење на секое добро. Искоренување на старите династички корени и посев на ново семе кое би вродило здрав плод.

    Прилеп предничи по црните бројки со пандемијата со Ковид 19. Зошто е тоа така, детектирате ли некаде пропусти?

    Проблемот не би го изолирал само локално. Ова е проблем на ниво на државата. 30 годишното неинвестирање во медицински кадар, опрема и општо во цел здравствен систем доведува до ваква ситуација.

    Тутунарите се незадоволни. Тие се ваша таргет група за кои би имале подобри решанија од претходниве 12 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и 4 години на СДСМ?

    Кога станува збор за земјоделска гранка, не само тутунарите, наш таргет и приоритет е секој земјоделец. Неконтролираниот увоз на тутун има директен импакт на цената. Би го потенцирал и непланското производство и приватните откупни центри кои, на некој начин, заради лични интереси, се заштитени од владеачките гарнитури на штета на земјоделецот.

    Пред нас се локалните избори. Профилирате ли кандидат за градоначалник и подготвувате ли листа на советници и за што ќе се залагате во Советот на општината?

    Оптимистички сме расположени дека би влегле во совет со одлична екипа, која ќе има храброст и достоинство и е некоруптивна. Основна заложба е ревизија на сé што е сомнително, зголемување на пристапот на граѓаните до општината, строг увид на финансиското работење и еднаш за секогаш да се реши непродуктивното трошење на народни пари за услуги за тендери на приватници за работи кои можат да бидат завршени од страна на јавните претпријатија. Рано е за јавно објавување на кандидатските листи и кандидатот за градоначалник.

    Зошто да ви се приклучат прилепчани. Што може да препознаат кај вас, кои заложби, стратегии, политики?

    Пред сé, поради искрениот пристап до граѓаните, нашата визија за подобрување на квалитетот на животот на секој поединец, решавање на ,,малите и ситни,, проблеми, кои се темел на големите. Првпат во собрание е слушнат гласот на народот. Тоа ја прави Левицата партија на народот.

    ИНФОРМАТИЧАР ВО ПОЛИТИКА

    Кој е Иван Јованоски?

    – По струка сум дипломиран информатичар, по хоби планинар, фотограф и колекционер на музика и љубител на животни. Не сум имал никаква политичка активност. Инстинктивно во Левицата препознав нешто што до тогаш го немаше никаде. Едноставно револтирани, добронамерни и борци за подобра иднина за нашите поколенија.

    ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЕКО СВЕСТ

    Инициравте и еколошка акција со засадување на садници. Зошто и кои се другите вакви планирани активности?

    -Главна цел ни беше поттикнување на еко свеста кај прилепчани и вперување прст кон претпријатијата кои се должни за грижа на шумите околу Прилеп, кои секојдневно неконтролирано и незаконски се ништат.

    ТЕКТОНСКИ УДАРИ ОД ЛЕВИЦА

    Предвремените парламентарни избори беа тест на политичката сцена? Што покажува анализата? Ја стекнувате ли довербата на електоратот?

    Иако само со два пратеника, со нашата искреност, нашиот револт и напад кон се што е неправедно, Левицата успеа тектонски има ги наруши математиките на тридекандите владари во Македонија. Нашите двајца народни претставници покажаа дека вредат барем колку 20 нивни, не материјално, туку духовно и интелектуално. Од почетокот го задржавме епитетот ,,најбрзорастечка партија,,. Во споредба со двата гиганти сме како Давид против два Голијати. Борбата за правда не е лесна, но позитивниот резултат не е недостижен како што сакаат да не убедат.

    Младите заминуваат заради рѓросаниот тридекаден систем

    Колку младите препознаваат во вас политичка опција која е со визија за запирање на одливот на мозоци? 

    Младината ја напушта својата земја не по своја волја. Тоа е  плод на рѓросаниот тридекаден систем кој цело време е во раката на едни те исти. Потребна е целосна реконструкција на системот кој очигледно е функционален само за поединци, а не за општо добро на народот во Македонија.

    Извор: zenitprilep.com.mk

    Најнови објави