Поднесена иницијатива за вонреден инспекциски надзор за градежни активности кај поранешниот хотел „Парк”

Левица Охрид Хотел Парк

Деновиве, од поголема група граѓани добивме информации дека на локалитетот „Горица“- ОПШТИНА ОХРИД, се изведуваат градежни активности – изградба на хотел на местото на поранешниот ресторан „Парк“ кои се спротивни на законот, односно дека истите се преземаат врз основа на градежна дозвола со измината важност.

Согласно член 66 ст. 1 од Законот за градење, одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години, од денот кога одобрението за градење станало правосилно. Во конкретниов случај тој рок од две години е изминат, согласно информациите кои ги добивме од граѓаните. Врз основа на тоа, а поткрепено со членот 66 ст. 3 од Законот за градење, предметната недвижност започнала да се гради по истек на предвидениот преклузивен рок, па поради тоа се смета дека градењето е бесправно.

Поради пропуштање на преклузивниот рок од член 66 ст. 1 од Законот за градење, инвеститорот de jure и de facto не поседува одоборение за градење, па поради тоа, врз основа на член 134 ст. 1 алиена 1 од Законот за градење, градежниот инспектор е должен со решение да му нареди на инвеститорот отстранување на градбата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ОХРИД
19 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ