Владата на чело со премиерот Заев освен со криминал Собранието го контаминираше и со вирус!

Левица-лого

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

 СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ

Премиерот Зоран Заев, заедно со неговите најблиски соработници секој ден тоне во криминал. Обрачот околу него со секој поминат ден се стега се’ повеќе, единствено прашање на време е кога, оваа криминогена структура околу Заев, ќе ја изгуби власта.

Токму поради паниката која го зафаќа Заев, како страв од кривична одговорност за сите злодела и криминали кои ги направи во периодот на неговото владеење, тој посегнува по уште поголем криминал и репресија, а со тоа и другите околу него ги вовлекува во криминални дејствија. Последен ваков случај беа вчерашните случувања во Собранието на Република Македонија, каде премиерот Заев, заедно со спикерот Џафери, прекршувајќи го Кривичниот законик, поттикнаа два пратеника на кривично дело, принудувајќи ги да се појават на гласање на 32-рата седница и покрај тоа што пратениците беа позитивни на корона-вирусот, што претставува кривично дело според чл. 206 од КЗ – за што Левица ќе поднесе кривична пријава против овие два пратеника.

Инаку, за да се обелодени вистината во јавноста, која СДСМ, и особено ковид-позитивните пратеници, претставувајќи се како жртви ја испревртуваат – доволно е да се погледнат точките на дневен ред од 32-рата седница, и тоа на сајтот на Собранието. Оттаму лесно може да се види дека 5-тиот пакет економски мерки не беше точка на дневен ред на оваа седница! Имено, гласањето за 5-тиот пакет мерки НИКОГАШ НЕ БИЛО ДОВЕДЕНО ДО ПРАШАЊЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА, бидејќи спикерот можеше таа седница да ја свика и на 16 април, но, тоа не го стори. Вчера, за тој пакет економски мерки гласаа 115 пратеници!

Воопшто не беше потребно присуството на зараените пратеници за изгласување на петтиот пакет мерки, коишто патем, додека медицинскиот персонал низ земјава страда од недостиг на заштитна опрема и секој ден умираат луѓе како жртви токму на неспособното Министерство за здравство – тие дојдоа со скафандери и приватни амбулантски возила.Секојдневните непромислени и неспретни дејанија на Заев и неговите властодршци се само доказ дека се наѕира крајот на овој веќе распашан хибриден режим, дотолку повеќе што, нивниот крај ќе биде полош и од оној на Груевски. Овој пат нема да има повторна амнестија за Зоран Заев!


ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

19 април, 2021

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ