Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Апасиев: Кој е законскиот основ за исплата на патарини на пратеник?

Иако, согласно закон и деловник, кога пратеник ќе побара информација од Службата, истата треба да му биде доставена за три работни дена – еве, скоро поминаа три месеци од моето писмено барање, а се нема абер да ми се одговори на истото?

Прашањата, како што можете да видите, се многу логични и јасни. Но, мислам дека причината поради која спикерот Талат Џафери ја одолговлекува работата, е поради тоа што барам да ми се каже законскиот основ по кој на пратениците со години им се исплатувале плус ПАТАРИНИ, дополнително од „патните трошоци“? Јас таков основ барав во законот, ама не најдов!? Ги замолувам и новинарите да прочепкаат, па на утрешниот брифинг, да го прашаат претседателот кој е законскиот основ за исплата на патарини на пратеник?

No photo description available.

Најнови објави