Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Надлежниот инспекторат одговори по пријавата на Левица за прекршувањето на мерка изолација од заразените пратеници

    Одговор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат – Сектор за инспекциски надзор по Пријава – Известување за грубо прекршување на времена мерка „строга изолација (карантин)“ поднесена од Левица, а која се однесува на пратениците Бисера Костадиновска Стојчева и Мирослав Богдановски, кои заразени од Ковид-19, дојдоа во Собранието, за да гласаат на 32-та седница.

    „Ве информираме дека од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно надлежностите на овој орган, а врз основа на податоците добиени од Националниот електронски систем „Мој термин“, на двете лица им се издадени решенија за „лекување и изолација во домашни услови во траење од 10 дена од денот на тестирањето на лице асимптоматски потврден случај“, односно „лекување и изолација во домашни услови од трање од 20 дена на лице потврден случај со симптоми на Ковид-19“.

    Решенијата за наведените лица како и за сите останати лица кои добиваат решенија од ДСЗИ за изолација по основ на контакти или лабораториски потврдени случаи на Ковид-19, се доставени до Министерството за внатрешни работи, кое согласно член 65 од Законот за заштита на населението од заразните болести е должно во рамките на својата надлежност, да соработува при извршувањето на мерките од членовите 29, 31, 57, 58 и 64 од овој закон“, стои во одговорот од инспекторатот.

     

    Најнови објави