Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Скандалозно е барањето за поскапување на водата за време на криза

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, веќе со месеци се фотографира пред асфалтираните улици, како парите со кои се расфрла да се од неговиот џеб, а не пари од граѓаните. Мизерно е во 21 век да се фалиш со асфалтирање на улици, водејќи веќе предизборна кампања, а уште помизерно и полицемерно е додека ги трошиш парите од граѓаните, да им наметнуваш нови давачки.

Константин Георгиески повторно со нов предлог за поскапување на водата и тоа фиксен надомест за домаќинства 100 денари, а за останатите 120 ден. Ваквиот предлог на градоначалникот се случува за време на пандемија и економска криза, кога десетици илјади граѓани ги изгубија своите работни места, кога секое семејство одвај крпи крај со крај, кога потрошувачката кошничка станува се’ поскапа, а буџетот на секое семејство се’ потенок, кога претпријатијата и угостителските објекти работат со големи загуби.

Останува да се надеваме дека советниците едногласно ќе се изјаснат против поскапувањето на водата, во интерес на граѓаните. Да ги потсетиме советниците и градоначалникот дека Советот на Општина Охрид носи одлуки, а градоначалникот е тој кој ги спроведува тие одлуки, а не обратно.

Да му порачаме на градоначалникот Георгиески и на неговата матична партија СДСМ, да запрат со партиски вработувања во Јавните претпријатија и да им објаснат на своите членови дека партиите не се биро за вработување. Јавните претпријатија се веќе превработени, а решението за таа превработеност не е поскапување на услугите.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ОХРИД
27 април, 2021

Најнови објави