20 години од масакрот кај Вејце

Левица Битола Вејце

На 28 април 2001 година, осуммина припадници на специјалната единица „Волци” и на „Посебната единица на СВР Битола“, беа убиени масакрирани и живи запалени на планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце – Тетовско.

По повод 20 години од еден од најцрните и најгрозоморните денови во поновата македонска историја, дел од членовите на Левица – Битола, положија цвеќе пред споменикот на бранителите во Битола од војната во 2001 година, кои беа масакрирани.

Исто така, дел од членовите на Левица – Тетово, го посетија и местото на настанот кај селото Вејце, кадешто одадоа почит на жртвите од 2001 година.

Масакрот од 2001 година во село Вејце останува дел од колективната меморија на Македонците како најголем пораз на државните институции од група на терористи – сличаи кои ден денес немаат праведна судска разврска, туку напротив терористите ги наградија со удобни фотелји.

Никогаш да не се заборави и да не се повтори!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА, ЛО ТЕТОВО
28 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ