(Видео) Крмов до Царовска: Се’ што е опшествено вие или го приватизирате, или го префрлате од колективен на индивидуален трошок

Борислав Крмов мила царовска дигитализација образование

Пратеникот Борислав Крмов со две пратенички прашања до министерката за образование, Мила Царовска во врска со дигитализацијата на учебниците во образованието:

„Бидејќи министерката го зема хрватското образование за пример, еве да споредиме… Во хрватска дигитализирањето на образованието го прават веќе четири години, етапно, постепено.., тука дигитализацијата е само како поддршка, а печатените учебници не се исфрлени. Кај нив исто така, сите ученици од основно училиште имаат добиено еднакви таблети, а кај нас ќе биде ситуација – некои деца да имаат таблет од 3.000 денари, некои таблет од 30.000 денари, а некои деца да бидат без таблети и да учат од испринтани скрипти!
Ефектот од спроведување на дигитализација на ваков начин ќе биде – хаос и ќе имаме уште поголемо нагласување на социјалните разлики меѓу децата! Досега две деца – и богато и сиромашно држеа во рака ист учебник, а отсега едното ќе држи таблет од 30 илјади денари, а едното ќе држи скрипта захефтана со хефталица!

Со вметнување на еден ваков хаос вие го бркате и тој малку кадар што остана, значи фактички го отворате образованието за уште поголема приватизација. Од друга страна, ние имаме најсериозен основан сомнеж дека меѓудругото, туркањето на оваа платформа, вака насила и дека мора сега да биде од септември – е еден начин за да се одговори на „решенијата“ (капитулациите), кои ќе стигнат од мешовитата бугарско-македонска комисија, кадешто на секоја наша капитулација, попуштање и слично, вие ќе можете лесно со едно ажурирање да интервенирате во учебниците, додека да беа печатени ќе имавте многу поголем проблем.

Оттука моите две прашања гласат:

На кој начин ќе ги операционализирате донесените европски иницијативи, кои се однесуваат на дигитализација во образованието кога немате инфраструктура?
На кој магичен начин ќе го избегнете нееднаквиот третман на учениците, кога самата нееднаквост ви е вградена во Законот?“

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ