Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    (Видео) Апасиев: Предлагаме патните трошоци на пратениците да се намалат четирикратно

    Прес конференција на пратеникот Димитар Апасиев, по повод поднесениот Предлог-закон за изменување на Законот за пратеници од страна на Левица, а со кој се предвидува драстично намалување на патните трошоци на пратениците на македонското Собрание.

    „Сметаме дека крајно време е да се застане на патот на ова бескруполозно трошење на народни пари за патни трошоци во ситуација кога останатите вработени во Република Македонија, немаат вакви привилегии. Има неколку модалитети кои беа разгледувани, ние се одлучивме за наједноставниот, а тоа е процентот – кој сега е 20% за изминат километар, да се сведе на 5%. Според нашите анализи, тоа значи практично изедначување на патниот билет за меѓуградски превоз со износот кој би го добивале пратениците. Ова значи дека, на пример, сума која досега ја добивале од 4800 денари, би се намалила на 1200 денари, што значи четирикратно намалување на патните трошоци. На овој начин нема да имаме ситуации кадешто и по 60-70 илјади евра се исплаќаат на пратеници, што е нонсенс за една ваква држава со вакви слаби економски политики.“

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
    28 април, 2021

     

     

    Најнови објави