Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

(Видео) Крмов кон Царовска: Ја уважувате етничката, а ја продлабочувате социјалната дискриминација

„Во типичен НГО манир, значи етничката и родовата дискриминација вие ja уважувате и донесувате некои мерки за да ја намалите, но социјалната дискриминација ја продлабочувате. Најверојатно и свесно. И сега, за првпат нели и сиромашни деца ќе дошле до таблети… Вие зборувате само за 4000 деца кои што нели наводно ги исполниле условите и ако сигурно се многу повеќе, ама нели да не ви е трошокот голем. Додека од друга страна пак ќе кажам, еве во Хрватска сите основци добиле ист таблет. За да не носат целна дискриминација меѓу децата и социјално делење на две класи, на богати и сиромашни, туку сите… значи не едно од 3.000 а друго од 30.000. Понатаму викавте – проблем биле тендерите, значи пак ќе кажам 4 години сте на власт, ако вие не можете да спроведите тендери како што треба, кој е крив!? Така!? Од друга страна, на државно печатете ги. Еве, ние на пример – Левица државно ќе ги печатиме учебниците кога ќе дојдеме на власт.“

 

Најнови објави