Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Узурпирани тротоари пред Министерството на Груби

    Тротоарите пред Министерството за политички системи на Артан Груби се целосно непроодни од паркирани автомобили. Граѓаните на Центар цел ден го пријавуваат попреченото движење на тротоарите пред министерството, но за жал, полицијата и пајак службата останаа глуви на нивните поплаки за загрозување на безбедноста на пешаците и велосипедистите.

    Очигледно службите по навика и понатаму удираат само по џебовите на обичниот граѓанин додека пак „заштитените” и понатаму остануваат „недопрени”. До кога Центарци ќе го трпат дивеењето и узурпацијата на јавниот простор само затоа што на поединци им се дозволува да бидат над законот на сметка на јавниот добробит?!

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ЦЕНТАР
    29 април, 2021

    Најнови објави