Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    (Видео) Крмов до Маричиќ: Се сомневаме дека неправилно издадените 100 илјади Изводи ќе се злоупотребат во пописот

    Пратеничко прашање на пратеникот Борислав Крмов кон министерот за правда, Бојан Маричиќ во врска со работата на директорот на Управата за водење на матичните книги, Бујар Дардхишта.

    „Во јануари излезе ревизорскиот извештај за Управата за водење на матичните книги за 2019 година, кадешто има повеќе прекршоци, меѓу кои: не е донесена интерна процедура за регулирање на постапката за издавање Изводи и другите услуги коишто ги нуди Управата. Имено, издадени се 22.000 погрешни Изводи и бидејќи нема донесено интерен акт за утврдување на одговорност, штета и надомест на штетата конкретно од овие Изводи – ние не знаеме кој ќе ја надомести таа штета. Понатаму, севкупно, со грешка (на овој, или оној начин), без заведување во матичната книга на родените, се издадени 98.381 Извод! Значи, тоа се скоро 100 илјади Изводи без уплаќање на средства и не се евидентирани во евиденцијата, односно не се наведени во книгите во материјалниот дел и не се архивирани – севкупната штета врз Буџетот на РМ е 6 милиони денари!

    Веќе четири месеци го имаме овој извештај и кога ќе видете дека има 100 илјади неправилно издадени Изводи – значи дека има сериозни индикации за намерно и смислено делување. Ние основано се сомневаме дека овие 100 илјади Изводи, ќе бидат злоупотребени за Пописот што беше одложен и следи во септември.

    Сте имале четири месеци да реагирате, ова е директен орган под вашето министерство и вие сте најповикан да реагирате на вакво очигледно противзаконско делување.

    Моето прашање е: Зошто не сте реагирале четири месеци и дали планирате воопшто да реагирате?“

    Најнови објави