Милионски бенефиции кон фирмите во ТИРЗ зоните на сметка на народот

јован-деспотовски

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Изминатиов период актуелни беа изјавите на Директорот на Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, кој жалејќи се на корона кризата известува за загубите и намалените добивки на фирмите во ТИРЗ зоните. Но, она што Деспотовски заборави да го каже е дека овие компании, покрај државна помош за инвестиции во материјални и нематеријални средства, добиваат и бројни бенефиции во вид на царински и даночни ослободувања и олеснувања, а профитите не остануваат во Македонија.

Согласно одредбите од Законот за ТИРЗ, даночниот обврзник, корисник на зоната, подлежи на ослободувања и олеснувања од плаќање на:
1) данок на добивка;

2) данок на личен доход (персонален данок) на примањата по основ на платите на вработените лица, за период од десет години;

3) данок на додадена вредност – целиот промет на добра и услуги, освен прометот наменет за крајна потрошувачка НЕ подлежи на оданочување со ДДВ;

4) царински ослободувања и олеснувања согласно одредби од Царинскиот закон;

5) финансиска помош за обука и усовршување на вработени.

Дополнително на ова, Владата со договор исплати 16 милиони евра помош кон „Дрекслермаер“, што е износ поголем од последниот пакет мерки насочени кон граѓаните – што е само доказ за цената на „поволна бизнис клима“. 

Дека државниот буџет многу повеќе дава отколку што добива од овие компании, говори и  изјавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи, дека во последните осум месеци во тек се 53 инвестициски проекти со поддршка на државата со вкупна вредност од речиси 96 милиони евра, а со кои ќе се отворат преку 2.000 нови работни места. Во услови на здравстрвена и економска криза и катастрофално менаџирање на истата, очигледно е дека приоритетот на власта е – заштита на профитите.

Левица најостро го осудува помагањето на крупниот капитал и олигархијата. После повеќе од деценија егзистирање на грбот на народот, концептот за ТИРЗ е повеќе од штетен за државата, исплата на дополнителни десетици милиони евра за само неколку илјади работни места кои повторно ќе се плаќаат со народни пари е криминално.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ЕКОНОМИЈА
5 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ