Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Амнестијата на Јакимовски е срамна – секој што згрешил мора да одговара

Амнестијата која со закон ја доби Стевче Јакимовски е срамна и понижувачка за жителите на Општина Карпош. Секој градоначалник, но и функционер што згрешил мора најстрого да биде казнет.

Амнестирањето на делата на Стевче Јакимовски, но и самиот Закон за легализација на дивоградбите се бројни во низата потврди со кои се ставаат обичните жители во подредена позиција во однос на градоначалниците, функционерите, бизнисмените и криминалците. Тие се потврда и за лажните ветувања на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за правна држава од една страна, но и зелена и просперитетна Општина Карпош. Амнестирањето на криминалците и носењето закони од овој вид се мотив да и останатите градоначалници, но и оние идните продолжат да работат спротивно на интересите на жителите на Општина Карпош.

Стевче Јакимовски мора да одговара! Мора да одговараат неговите претходници, но и Стефан Богоев за претворањето на Општина Карпош во бетонска џунгла и ставањето на општината и општинските ресурси во нивна лична, но и во служба на урбаната мафија! Убав, зелен, одржлив и просперитетен Карпош е возможен, само со одговорност на гореневаедените, но и без СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ во било која општинска структура.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ
12 мај, 2021

Најнови објави